Шест природни лекови за главоболка

2079

Имате проблем со главоболка? Оставете ги лековите и ослободете се од досадната болка по природен пат.

glavobolka

Фото: Pixabay

Шолја кафе

Кафето според клиничките истражувања во Илиноис го намалува интензитетот и зачестеноста на главоболката. Во едно од истражувањата, на една од две групи испитаници со главоболка им било дадено кафе, а на другата кафе и ибупрофен. Во првата група 58% пријавиле ослободување од болката, а во втората 70%.

Топло, ладно

За да се ослободите од затегањата во главата и вратот кои се јавуваат од недостаток на сон и стрес, натопете крпа во топла вода, исцедете ја и држете ја на челото или позади на вратот за мускулите да се олабават.

За да се ослободите од јака болка во главата предизвикана од мигрена или ширење на крвните садови во главата, направете го истото, но овој пат со ладна вода. Тоа ќе помогне да се вратат крвните садови во нормала.

Масажа

Со средниот прст нежно масирајте ги слепоочниците во насока на часовникот две/три минути.

Стапалата во вода

За да се ослободите од силната главоболка, потопете ги стапалата во сад со топла вода и додајте малку сенф во прав. По половина час добро избришете ги со сува крпа.

Чај од ѓумбир

Направете чај со тоа што ќе ставите 2 лажици свежо рендан ѓумбир во 3 шолји зовриена вода. Оставете го да отстои 4/5 минути и потоа процедете го.

Стегач за глава

Врзете некој стегач, марама, нешто што ќе го стегне вашето чело со цел да се намали протокот на крв во коскеното ткиво на главата. По неколку минути ќе осетите намалување на болката.