Шест тајни на долговечноста

140

ovosje

Фото: Pixabay

Во што лежи тајната на долговечноста? Одговорот во продолжение.

Умереност во исхраната

Јадете два пати во денот. Појадокот нека биде побогат и она што навистина сакате да го јадете. Не вечерајте. Луѓето не живеат за да јадат, туку јадат за да живеат.

Здрава исхрана

Иако понекогаш посегнувате по разни слатки и грицки, предност дајте му на овошјето, било да е тоа сезонско или тропско. Нека ви биде замена за нездравите навики. Лековите значително ќе се намалат.

Бидете љубезни

Негативниот став кон животот и мрзоволноста долгорочно гледано, лошо влијаат на здравјето. Затоа бидете љубезни кон луѓето, чувството што го имаме кога ќе помогнеме некому е единствено и поволно влијае на нашето здравје.

Дружете се

Разговарајте со луѓето, создадете прилика за дружење. Тоа ќе направи да се чувствувате убаво и прифатено. Осаменоста не е никому од полза, таа состојба остава трајни последици на психофизичкото здравје.

Забавувајте го умот

Читајте што повеќе, слушајте радио, решавајте логички игри, гледајте филмови… забавувајте го умот со било која активност. Ако им дозволите на мислите да лутаат, вашиот мозок ќе работи се полошо.

Вредно работете

Не се штедете кога станува збор за работа. Напорната работа ќе ве направи посилни, посреќни и ќе знаете повеќе да ги цените парите, а заштедата ќе ви даде чувство на сигурност.