
Шест земји-членки на Европската Унија побараа предложениот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година да се намали за неколку стотици милијарди евра, со образложение дека Брисел мора појасно да ги одреди приоритетите за трошење.
Германија, Австрија, Данска, Финска, Холандија и Шведска изјавија дека Европската Унија мора да донесе „јасни избори“ и да ги преиспита своите буџетски приоритети, како што прават националните влади, објави Ројтерс.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека тие шест земји заедно финансираат околу 40 проценти од буџетот на Европската Унија.












