Шест земји забранија увоз на говедско од Бразил

38

mesoШест земји забранија увоз на говедско од Бразил, откако минатиот месец беше потврдена појава на случаи на атипичен облик на заболувањето “луди крави”.

Властите во Бразил добија нотификација дека Кина, Јапонија, Јужноафриканската Република, Саудиска Арабија, Чиле и Јордан ставаат забрана за увоз.

Бразил, најголемиот извозник на говедско, планира да го изнесе случајот пред Светската трговска организација и инсистира дека местото може да се јаде.

“Нема основа за таквите одлуки и владата анализира какви мерки ќе бидат преземени”, рече секретарот за надворешна трговија на Бразил, Татјана Празерес. “Преземањето акција во СТО е на нашиот радар.”

Празерес проценува дека со овие забрани се погодени 4,4% од вкупниот извоз на говедско.