Шеста емисија акции на Сава Осигурување

51

Комисијата за хартии од вредност и ја одобри шестата емисија на акции на Сава осигурување по пат на приватна понуда. Друштвото треба да издаде 7.326 обични акции, со вкупна продажна вредност од 123 милиони денари. Купувачот на хартиите од вредност од емисијата е  Позаваровалница Сава од Љубљана. Шестата емисија на Сава осигурување се врши заради зголемување на основната главнина на друштвото со цел да се подобри финансиското работење и да се зајакне позицијата на компанијата на осигурителниот пазар  во наредниот период.