Шестгодишно дете заработува милиони на YouTube играјќи со играчки

4

iiiФото: Youtube

На листата на Forbes, најплатени ѕвезди на YouTube, се најде и шестгодишниот Рајан кој благодарение на својот канал, Ryan ToysReview, годишно заработува милиони долари, пишува Global News.

Ова дете, кое прави пари отворајќи нови играчки, моментално го дели осмото место на листата со уште неколку YouTube ѕвезди. Целата приказна започнала кога Рајан имал четири години и посакал да биде на YouTube како и другите деца. Родителите му ја исполниле желбата и почнале да прават и прикачуваат видеа од нивниот син како се забавува со нови играчки.

Денес, Ryan ToysReview има повеќе од 10 милиони следбеници, а во 2017 година заработи повеќе од 11 милиони долари. Првите неколку видеа немале голема гледаност, но сè се сменило откако во јули 2015 година еден запис од пет минути го прегледале милиони луѓе.

Заработените пари од видеата фамилијата планира да ги искористи за школување на Рајан и на неговите помлади сестри Ема и Кејт.

Најгледаното YouTube видео на Рајан може да го погледнете подолу.