Шестиот FMCG SUMMIT 2020 сруши рекорди во посетеност

66

Повеќе од 1.500 посетители го проследија 6 FMCG SUMMIT 2020 којшто се одржа вчера, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг. Со тоа, ова издание на Самитот постави рекорд во посетеност на најголемиот трговски настан во годината. Изборот на говорниците и нивните теми во најнеизвесната година за трговскиот сектор и за економијата воопшто, го предизвикаа и го задржаа вниманието на публиката до самиот крај.

Ексклузивен говорник на шестиот FMCG SUMMIT 2020 беше Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, на темата – Зошто треба да правите реинвенција на вашата компанија секои три години?. Нејзината најнова книга е Како да научиме не само да преживееме во оваа нова реалност, туку и да напредуваме (The Chief Reinvention Officer Handbook: How to Thrive in Chaos). Од оваа книга можат бесплатно да се симнат 85 страници, на следниот https://www.learn2reinvent.com/handbook.

Говорници на 6 FMCG SUMMIT 2020 беа:

Ана Јеличиќ од Design Thinkers Academy (Србија), која зборуваше за Design Thinking како начин на делување, Поликарп Арсеновски, генерален менаџер на Thrivity посочи кој е патот до вистинските луѓе, Иван Крушковиќ од Нилсен(Србија) се осврна на темата Креирање вредност преку оптимизација на полиците, а Митка Мојсовска од КОЛА го пренесе нејзиното искуство за контролингот како клуч за квалитетни бизнис одлуки.

Генерален спонзор на Самитот беше Atlantis, а спонзори Pringles, Sütaş , Ramstore, NLB Banka, Пивара – Скопје, Пакомак, THRIVITY и GURMANO.