ShiftWear – патики со е-ink екран на којшто се гледаат анимации

57

shift wear patiki

ShiftWear на прв поглед се обични патики како и останатите. Она по што се разликуваат е во тоа што имаат e – ink екран од двете страни, на којшто може да се менуваат различни дизајни.

shift wear patiki 1

Екраните, што се направени од е – хартија, се поставените на двете страни од патиките и се поврзани со мобилна апликација. Корисникот на тој начин може да го менува дизајнот на патиките преку мобилната апликација. Може да се избере на екраните да стои статична слика или анимација.

shift wear patiki 2

За дизајнот на овие патики се погрижи Давид Коело, кој за својот проект бара поддршка на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo. Досега се собрани 38.805 долари иако беа побарани само 25.000 долари.