Шишеџам планира преземање на француски бренд за производство на стакло за домаќинство

148

stakleni casi

Најголемиот турски производител на стакло Шишеџам соопшти дека неговата единица Пашабахче, задолжена за производство на садови и елементи за домаќинство, ги започна разговорите за купување на акциите на француската компанија Arc International.

До берзата во Истанбул, Шишеџам достави информација дека Пашабахче потпиша необврзувачки договор со француската компанија, пишува Хуријет.

Пашабахче во светскиот пазар на стакло за домаќинство има удел од 12%, со што се позиционира на трето место, додека Arc International зафаќа 13%. Токму поради тоа, доколку разговорите меѓу компаниите се преточат во договор, Пашабахче ќе го зголеми пазарниот удел и ќе стане лидер на пазарот во конкуренција на американската Libbey.

Француската компанија има годишен обрт на средства од околу една милијарда евра, а произведува околу 4,3 милиони предмети од стакло за домаќинство секој ден.

Arc International, 47% од своите приходи ги реализира на европскиот пазар, а остатокот отпаѓа на пазарите во Кина, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

Пашабахче и Arc International ја зајакнуваат соработката со цел да ги пласираат своите производи во хотелите и рестораните во северна Америка.

Француската компанија има традиција што датира уште од 1916 година, а е основана од семејството Дуран.

Брендови што се во рамки на Arc International се Luminarc, Arcoroc, Cristal d’Arques, Longshamps, Salviati, Pyrex и брендот што вклучува кристали во своите производи – J.G. Duran.