Шкода дизајнираше сигурносни појаси за кучиња

90

skoda-dog-seatbelt-1-537x336Автомобилскиот производител Шкода креираше сигурносен појас за кучиња, за да го направи побезбедно патувањето на домашните миленичиња.

Заедно со појасот доаѓа и заштита за задното седиште, така што нема потреба да се грижите за чистотата во автомобилот по транспортот на кучето.

Чешкиот производител на автомобили нуди појаси во четири различни големини и истите можат да се користат во комбинација со ремен за кучиња.

Untitled

Караваните можат да бидат опремени со решетка за багажник, којашто е достапна за моделите Fabia, Octavia и Superb.

Таа го дели багажникот на два дела, па така во едниот дел можете да го сместите кучето, а во другиот багажот.

Тука е и вертикалната заштита, поставена директно зад потпирачите за глава на задните седишта, којашто го спречува кучето да отиде на задните седишта.