Шкода Октавиа најдобар автомобил на годината

39

Foto 1Порше Македонија вчера и официјално за автомобилот Шкода Октавиа го доби признанието Автомобил на годината. Наградата ја примија генералниот Директор на Порше Македонија Златко Муцунски и бренд менаџерот за Шкода, Миле Станчев, кои не го криеја своето задоволство од добиеното признание, особено поради фактот што стручното жири и покрај силната конкуренција едногласно ја избра Шкода Октавиа. Имаа кратки обраќања пред присутните каде и двајцата задоволно изјавија дека Шкода Октавиа тоа навистина го заслужува.
Националното стручно жири составено од Агрон Сулејман-претседател, Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљарац пред присутните ги истакнаа критериумите по кој беше направен изборот, во кој конкурираа Мазда 3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008 и Сузуки С-Крос. Ова е 19-ти пат како се доделува наградата, а Шкода Октавија по втор пат ја добива оваа престижна титула.
“Анализиравме повеќе аспекти, како безбедност, комфорт, перфоманси, технички детали, моќност и перфоманси на моторите, потрошувачка на гориво, дизајн, еколошки стандарди, соодносот квалитет/цена, и токму Шкода Октавиа се најде на врвот. Иако конкуренцијата беше силна, немавме дилеми, оваа година Шкода Октавиа е автомобил на годината во Македонија”, изјавија од стручното жири.