Шкода Октавија е автомобил на годината за 2014 година, а титулата СУВ на годината ја доби Рено Каптур.
Според одлуката на националното стручно жири, титулата им е едногласно доделена на 19-от избор за автомобил на годината во Македонија.
Финалисти на изборот за автомобил на годината во Македонија за 2014 година беа и Мазда3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008, како и Сузуки С-Крос.