Шкотска ќе наплаќа симболична сума за секое купено шише и лименка

22

Жителите на Шкотска од сега ќе треба да платат 20 пени депозит за секое шише или лименка што ќе ги купат во продавница, пишува Positive news.

Пијалаци во стаклени и пластични шишиња како и пијалаци во алуминиумски лименки, коишто ќе се продаваат во продавниците во земјата, ќе бидат вклучени во шемата за враќање на депозит, којашто е прва од ваков тип во Велика Британија.

Според тамошните власти овој потег има за цел да придонесе за поздрава животна средина и поздрав живот за идните генерации. На овој начин секој може да придонесе за околината каде што живее.

Овој закон ќе важи за шишиња наменти за еднократна употреба почнувајќи од 50ml шише за виски/водка до три литарското за оцет. Истото ќе важи и за шишиња и лименки што се продаваат на големо, во гајби, како пиво, вода и газирани пијалаци.

Шемата ќе ги вклучи и оние кои продаваат онлајн.

Фото: Pixabay