Шнабел: Следниот потег на ЕЦБ најверојатно е зголемување на каматите

Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, денес изјави дека „целосно се согласува“ со пазарните очекувања дека следниот потег на банката ќе биде зголемување на каматните стапки, иако верува дека таков потег засега не е неизбежен.

По нејзините коментари, еврото зајакна, а приносите на 10-годишните германски обврзници се искачија на највисоко ниво од март.

Во интервју за Блумберг, Шнабел истакна дека економијата на еврозоната покажа отпорност, и покрај она што го нарече „најголемото нарушување на меѓународниот трговски поредок од Втората светска војна“, но во исто време предупреди на зголемени ризици од зголемување на инфлацијата.