Шок во САД: Податоците за вработувањето ги разочараа аналитичарите

140

Во август 2021 година во САД беа отворени само 235.000 нови работни места, објави  Министерството за труд, што, според CNN и CNBC, е големо разочарување, бидејќи тој број е три пати помал од очекувањата на аналитичарите.
Економистите анкетирани од Доу Џонс предвидуваа дека работодавачите ќе отворат 720.000 нови работни места.

Стапката на невработеност падна на 5,2 проценти во август од 5,4 проценти во јули, во согласност со проценките.

Вкупниот број на нови работни места создадени минатиот месец е најнизок од јануари оваа година и е резултат на зголемените стравови од пандемија и загриженоста за последиците што може да ги има зголемениот број случаи на Ковид врз досега главно силното закрепнување на бизнисот.

Слабиот извештај за вработување во август може да ги наруши плановите на Федералните резерви да размислат што да прават со некои од главните стимулации за економијата, што се зголемија од избувнувањето на епидемијата во почетокот на 2020 година.

Министерството за труд на САД, исто така, објави дека ги ревидирал нагоре податоците за бројот на нови работни места во претходните два месеци. Бројката за јули се зголеми на 1,05 милиони нови работни места во споредба со првичната проценка од 943.000, додека за јуни се зголеми на 962,000 од претходно објавените 938.000.