Шолц: Ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас, ние сме подготвени да го надминеме тоа

337

Германија и Европа се подготвени да се соочат и да ги надминат последиците доколку Русија реши целосно да ја запре испораката на гас, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц во својата изјава во саботата.

Германија се подготви во случај „Русија во голема мера да го прекине снабдувањето со гас поради војната против Украина“, рече Шолц.

Најголемата европска економија е во центарот на енергетската криза на континентот, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин ги прекина испораките како одмазда за санкциите поради војната во Украина. Во исто време, расте загриженоста дека Германија може да се соочи со бран банкротства како резултат на кризата.

„Заштедивме гас. Ги користиме повторно производствените капацитети на термоелектраните на јаглен. „На почетокот на следната година ќе имаме можност да ги искористиме преостанатите јужногермански нуклеарни централи доколку е потребно“, најави канцеларот.