Shooz – иновативни обувки што со само еден патент се прилагодуваат на секоја прилика

51

shooz

Shooz претставуваат високо иновативни обувки коишто нудат различен дизајн и се прилагодуваат на секоја прилика. Овие иновативни обувки се составени од два основни дела – кожата и подлогата на обувката. Ги има во повеќе бои и дизајни за различни намени.

shoooz

“Shooz се изработени од кожа и подлога коишто лесно се поврзуваат и овозможуваат да го создадете стилот којшто е совршен за вас и за секоја прилика“, велат од британскиот старт – ап Shooz Ltd, којшто стои зад оваа креативна идеја.

Без оглед на секојдневните активности и обврски, овие обувки само со помош на еден патент се трансформираат од елегантни во спортски и обратно. Освен што се изработени од природни и квалитетни материјали, Shooz заштедуваат пари, простор и енергија.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, досега над 252 инвеститори вложиле повеќе од 52.000 евра.

shooz 1