Шпанци кампуваа пред Ikea за да бидат први купувачи

39

kamp 1

Десетина Шпанци облечени во сино – жолта комбинација кампуваа пред новиот трговски центар на Ikea во Валенсија. Нивната цел, како што пишува шпанскиот портал Local, беше први да влезат во новиот продажен простор на шведскиот гигант за мебел во Валенсија, што се отвори вчера.

Првиот кој влезе во новиот салон на Ikea доби 500 евра, додека за следните 100 посетители следуваа награди од по 100 евра. Единствениот услов за да ја добијат наградата беше да бидат облечени во сино – жолта комбинација, препознатливите бои на Ikea.

Оние кои имаа најголема желба да влезат во новите простории, три дена пред отворањето поставија шатори за спиење пред салонот на Ikea. Додека чекаа, уживаа во читање на проспектите на Ikea, а погледот им беше вперен во дигиталниот часовник што ги одбројуваше минутите и секундите до отворањето.

COMERCIO IKEA