Шпанија: 15 градови на 15-ти јуни добиваат 5G мрежа

21

Фото: Pixabay

Телекомуникацискиот оператор Vodafone во Шпанија потврди дека ја започнува првата официјална употреба на 5G мрежата во 15 градови на 15-ти јуни, пишува Telecompaper.com.

Брзините ќе се зголемат до 2Gbps до крајот на годината, околу 10 пати од сегашниот максимум на 4G мрежата.

Фреквенцијата во овој момент покрива околу 50% од населението во 15-те градови, но ќе биде продолжена во следните неколку месеци. Од следниот месец 5G мрежата ќе биде достапна и во Велика Британија, Германија и Италија.