Шпанија го собори рекордот со 84 милиони туристи во 2023 година

Шпанскиот министер за индустрија и туризам, Жорди Хереу, изјави дека бројот на туристи кои ја посетиле Шпанија минатата година надмина 84 милиони и дека ова е нов рекорд.

Хереу изјави дека пред пандемијата Ковид-19, најголем број туристи е постигнат во 2019 година. Лани тој број е зголемен за еден процент, а за 19 отсто во однос на бројот на туристи во 2022 година, јавува Анадолија.

Посочувајќи дека според статистичките податоци, најголемиот број туристи што ја посетиле земјава досега во 2019 година изнесува 83,5 милиони, министерот Хереу нагласи дека оваа бројка е надмината во 2023 година и се зголемила на 84 милиони.

Хереу изјави и дека вкупниот приход од туризмот во 2023 година ќе надмине 108 милијарди евра.

Шпанскиот министер истакна дека очекуваат рекорден број туристи и приходи од туризмот и во 2024 година, освен ако не постои посебен надворешен фактор.

Најавено е дека официјални и јасни податоци за туризмот Државниот завод за статистика (ИНЕ) ќе ги објави следната недела.

Беше најавено и дека Мадрид ќе влезе во календарот на трки во Формула 1 од 2026 година, а официјално ќе биде објавен на 23 јануари.