Шпанија го собори туристичкиот рекорд од 2019 година, а ја престигна и Италија

61

Оваа година беше рекордна за туризмот во Шпанија, подобра дури и од последната добра година за туризмот во 2019 година. Ова само потврдува како решителноста и добрата организација можат да дадат одлични резултати, па во овој случај Шпанија ја престигна дури и Италија, која традиционално го држи прво место, пренесува магазинот ТУ.

Според податоците објавени од Туреспана, бројот на пристигнувања на странски туристи од јануари до октомври годинава изнесува 91,05 милиони. Ова е зголемување од 11,3% во однос на минатата година, која беше и одлична година за туризмот.

Туристите, покрај рекордните пристигнувања, остварија и рекордни приходи од туризмот во Шпанија. Тие лани потрошиле неверојатни 101 милијарда евра, што е за 24% повеќе пари отколку во истиот период во 2022 година. Ова е дури 17% повеќе од 2019 година, што потврдува дека оваа индустрија е двигател на шпанската економија. Финансискиот извештај за оваа година допрва треба да пристигне.

Дополнително, зголемен е интересот на туристите и во месеците кога оваа земја не е особено популарна меѓу туристите, што ја потврдува определбата на властите да стане дестинација за сите сезони.

Во октомври 2024 година е забележан најголем број странски пристигнувања досега, по октомври 2023 година, што тогаш беше рекорд. Така, туристите доаѓаат сè почесто дури и вон сезона, гледајќи ја разновидна туристичка понуда на оваа дестинација, од гастрономија, културни и историски содржини до природни атракции.