Шпанија: Казна од 750 евра физиолошко празнење на плажа или во море

69

Градскиот совет на шпанското одморалиште Виго во Галиција, на 35 километри оддалеченост од границата со Португалија, усвои закон со кој се забранува „физиолошко празнење на плажа или во море“ и дека тоа ќе се смета за кршење на законот за здравје и хигиена. Сторителите доколку бидат фатени на дело ќе бидат казнети со 750 евра.

Наместо тоа, градските власти планираат да постават јавни тоалети на плажите во текот на летната сезона за да им овозможат на посетителите на плажите да ги извршуваат своите физиолошки потреби на соодветно место.

Од градскиот совет објаснуваат дека ова правило е дел од акцијата за чистење на локалните плажи, наведувајќи дека во областите каде што моментално недостигаат тоалети ќе се постават соодветни единици за оваа намена.

Прописите на Виго, исто така, предвидуваат казни за користење сапун во вода на плажа или под тушеви, фрлање секаков вид на отпад на песок, палење скара на плажа, користење шишиња со гас или други средства што може да предизвикаат пожар.