Фото: FOS
Дизајнерското студио FOS со седиште во Барселона, Шпанија, прави очила за сонце од рециклирана пластика, којашто клиентите сами си ја одбираат.
Освен тоа, тие и учествуваат во процесот на изработка на очилата – со помош на специјална формула од FOS, еден пар се изработува за еден час.
Очилата се од 100% рециклирана пластика, којашто може да се рециклира повеќе пати.
Производот во целост е изработен од еден материјал и претставува едно парче, вклучувајќи ги и завртките. Кога повеќе нема да ги употребуваат, клиентите можат да ги вратат очилата во студиото.
FOS нуди и замена на завртки, поправки, замена на леќи, а работилницата се одржува секој вторник. Заинтересираните можат да си резервираат термин на веб страната на студиото.