Шпанија планира да произведе своја вакцина против коронавирус

32

Шпанската агенција за лекови и медицински помагала го одобри првото човечко клиничко испитување на шпанската вакцина против коронавирус, на фармацевтската компанија Хипра.

Според Агенцијата, во истражувањето ќе бидат вклучени десетици доброволци, на возраст од 18-39 години, кои ќе добијат две дози од вакцината, со разлика од три недели, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави на Тwitter дека е направен голем чекор во борбата против пандемијата.

“Станува збор за вакцината Хипра, направена во соработка со Владата“, напиша тој.

Фармацевтската компанија Хипра, која има лаборатории во Шпанија и во Бразил, соопшти дека може да произведе до 400 милиони дози вакцина во 2022 година, а следната година – 1,2 милијарди дози.

Шпанија е една од земјите најтешко погодени од коронавирусот.

Според сајтот worldometers.info, оваа земја има регистрирано 4,6 милиони позитивни случаи од почетокот на пандемијата, додека вкупно 82.320 луѓе починале од последиците на вирусот.

По тестирањето Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да даде свое мислење и одобрување за користење на таа вакцина во ЕУ.