Шпанија разгледува можност за воведување четиридневна работна недела

43

Шпанската влада ја анализираат можноста за воведување четиридневна работна седмица, односно скратено работно време за да не дојде до пад на вработеноста.

Лидерот на левичарската партија Unidas Podemos, Пабло Иглезијас, изјави дека се разгледува намалување на работните часови за да се зголеми вработеноста.

Ваквата идеја постои веќе неколку години, а пандемијата од коронавирус многумина поттикна да размислат за постоечкиот економски и социјален систем.

За време на пандемијата многу компании испратија работници на принуден одмор или им дадоа откази.

Фото: Freepik