Шпанската министерка за финансии главен фаворит за челната позиција во Европската инвестициска банка

Шпанската министерка за финансии Надија Калвињо е фаворит за преземање од Вернер Хојер на чело на Европската инвестициска банка (ЕИБ), објави Политико.

Белгискиот министер за финансии Винсент Ван Петегем, кој го води процесот на селекција, ќе испрати писмо до своите колеги од Европската унија во кое го поддржува шпанскиот министер за финансии за функцијата, изјавија двајца официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, објави Данас врз основа на на новинската агенција ФоНет.

Ван Петегем досега се воздржуваше да предложи единствен кандидат, бидејќи немаше консензус меѓу членките на Европската унија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц јавно ја поддржа Калвино на состанокот на највисоките европски социјалистички лидери во Шпанија претходно овој месец, а Франција допрва треба да го објави својот избор.

Министрите за финансии треба да гласаат дали ја поддржуваат Калвино на состанокот што ќе се одржи во Брисел следниот петок, објави ФоНет.

Главен ривал на шпанската министерка беше еврокомесарката за конкуренција Маргарет Вестагер од Данска, која моментално ја замрзна позицијата да се фокусира на нејзината кандидатура, а покрај неа има уште четворица кандидати за челната позиција во банката, основана од членките на ЕУ во 1958 за поддршка на инфраструктурни проекти и регионален развој.