Шпиони по патиштата: Заработуваат богатство со пријавување неодговорни возачи

122

Некои работни места не бараат многу труд и стрес, а се добро платени, односно им треба само мобилен телефон и добри чевли. Њујорчани заработуваат така што ги снимаат возилата за испорака, кои стојат покрај патот со вклучен мотор и ги пријавуваат властите. Исплатата е далеку од симболична.

Citizen’s Air Complaint Program започна во 2019 година и ги казнува возачите на комерцијални возила оставени во мирување и им дозволува на оние што ќе ја пријават провизија од 25% од износот на казната. Сопствениците на возила може да бидат казнети со 350 долари или повеќе, што значи исплата од најмалку 87,50 долари за граѓаните што ќе ги пријават.

Сè што треба да направат е да снимат триминутно видео од возилото кое е оставено да работи со вклучен мотор,да го постават на веб-страницата на Градското одделение за животна средина и да чекаат да пристигне чекот по пошта. Доколку возилата се во близина на училишта, доволно е да се сними само едноминутно видео.

NBC News објави дека граѓаните формирале група од околу шеесетина луѓе наречена Idle Warriors, чија работа е да крстарат низ градот и да бараат возила кои го загадуваат воздухот, пишува ревија HAK.

Доналд Блер се пофали дека досега заработил 125.000 долари од фаќање возачи без договор. Најголеми престапници се услугите за испорака и онлајн продавниците како Amazon, UPS…