Шпорет од 100.000 долари

22

traditional-gas-ranges-and-electric-rangesДали би можеле да одвоите 100.000 долари за рачно направен француски шпорет? Chateau Series е најдобрата изработка од асортиманот на La Cornue и инспирација за многу добри јадења од светски познати готвачи.

Шпоретот е изработен од најпрефинети материјали, а она што го одвојува од останатите La Cornue производи е заоблената рерна. Од француска работна површина и скара, до индукциски плотни за готвење – апаратот нуди повеќе од 8.000 конфигурации.

Луксузниот шпорет има две рерни, електрична и плинска, како и две рингли изработени од месинг, што се наоѓаат од страните. Производот може да се дополни со различни детали и конфигурации според желбите на купувачот.

traditional-cooktopsfront-gallery-05-900x375