Шредер поднесе оставка од Роснефт

Руската нафтена компанија „Роснефт“ соопшти дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер рекол дека повеќе не може да биде дел од нејзиниот одбор.

Истото го направи и бизнисменот Матијас Варниг.

Овој потег следи откако Европскиот парламент побара Шредер да биде на списокот со санкции доколку не поднесе оставка од „Роснефт“, објавија „Гардијан“, „Фајненшл пост“ и „Фајнанс Јаху“.

Во соопштението на компанијата се вели дека жалат за одлуката на Шредер и Варниг и им се заблагодаруваат за „континуираната поддршка“.

Фото: facebook