Шри Ланка ќе прогласи банкрот во 2022 година?

72

Откако започна пандемијата на коронавирусот, половина милион луѓе во Шри Ланка живеат во сиромаштија, зголемените трошоци за живот принудија многумина да ги намалат трошоците за основните потреби и стравуваат дека земјата може да банкротира.

Трговците на големо со ориз, кои тргуваат од Петах, трговски центар во главниот град Коломбо, чекаат клиенти во нивните продавници, а војската е овластена од државното раководство да ги контролира основните цени на храната, исто како и оризот, бидејќи Шри Ланка се соочува со подлабокa финансискa и хуманитарнa криза.

Се стравува дека во 2022 година оваа земја би можела да прогласи банкрот, со оглед на рекордната инфлација, растот на цените и сè попразната државна каса, се наведува во извештајот на лондонски „Гардијан“.

Економскиот пад со кој се соочува Шри Ланка, предводена од претседателот Готабај Раџапакса и граѓаните, делумно беше предизвикана од непосредното влијание на пандемијата и колапсот на туризмот, но беше дополнително забрзан со високите владини трошоци и даночните намалувања, според изданието.

Неповолните макроекономски фактори вклучуваат огромни отплати на долг кон Кина, при што девизните резерви се на најниско ниво во последната деценија.

Армијата на Шри Ланка доби задача да обезбеди трговија со основни артикли, вклучително и ориз и шеќер по фиксни државни цени, но ниту оваа мерка не ги намали секојдневните неволји на граѓаните на оваа островска земја.

Светска банка проценува дека од почетокот на пандемијата, 500.000 луѓе паднале под прагот на сиромаштија со рекордна инфлација која достигна 11,1 отсто во ноември и вртоглав пораст на цените што ги стави доброситуираните граѓани во позиција да се борат да ги прехранат своите семејства .