Првото правило при берењето печурки е секако дека никогаш не треба да берете или јадете печурки кои сигурно не ги познавате. Дотолку повеќе што не постои општо правило врз основа на кое несомнено може да се разликува отровна печурка од јадлива и тоа секогаш треба да се има на ум.
Сепак, технологијата доаѓа на помош и во овој сегмент во форма на практично дизајнирана апликација за паметни телефони. ShroomID не само што нуди цела палета на информации и фотографии од печурки со кои може да се научи за печурките, како и да се препознаат, туку се оди и чекор понатаму.
Имено, апликацијата нуди вградена можност за идентификација на печурки врз основа на фотографија, притоа потпирајќи се на сопствениот модел за машинско учење кој ѝ овозможува да ги идентификува печурките со речиси 80 проценти точност (затоа е и рангирана меѓу најпопуларните апликации од овој тип).
Освен тоа, за работите да бидат уште подобри, може да работи без потреба од интернет конекција, што значи дека ќе ни се најде дури и кога е длабоко во шумата.
Меѓу другите карактеристики што треба да се издвојат, секако постои можност за споредба на фотографија на печурка со проверена слика на вид печурки, преглед на историјата на идентификација на печурки на мапа, карта со преглед каде одредени видови печурки може да се најдат најчесто.
Основната верзија е бесплатна, но има и Premium издание кое ги отстранува ограничувањата на бесплатното издание, така што за годишна претплата од десетина евра добивате неограничен број идентификации на печурки, целосен пристап до базата на печурки и поддршка за офлајн работа.