Штала претворена во модерна викендица

178

9745c1ef63e970d3662f292d015373f8Високо на Пиринеите порано се граделе куќи од камен кои се користеле како места за чување стока. Денес колибите од камен се претвораат во вили за одмор и релаксација.

Една од нив е и вилата Etnoborda, чии сопственици, со оглед на нејзината мала квадратура, ја прошириле на вкупно 150 метри квадратни.

Во процесот на надградба многу се внимавало да не се наруши изворната архитектура, па поради тоа и новиот дел е изграден од камен. Рамките на прозорците се од масивно дрво, како и мебелот, а рустикалноста е нагласена со дрвените греди.

Оваа прекреасна вила на горниот кат сега има голема кујна, дневна соба, трпезарија и голема тераса. На долниот кат има спални соби, мала кујна и тераса која се наоѓа пред куќниот влез.

Надворешниот дел на вилата зафаќа површина од 190 метри квадратни, во кои се опфатени трем, тревник, градина со зеленчук, систем за собирање на дождовница и мал базен.

Архитектите намерно си поиграле со ѕидовите, правејќи нерамнини, за да се добие еден интересен спој на модерен мебел и рустикална градба.

o puiiimv