Штетата од невремето во Словенија проценета на 120 милиони евра

24

slСловенечкиот министер за инфраструктура, Само Омерзел, соопшти дека штетата што ја направи снежното невреме во земјата изнесува 120 милиони евра.

Словенечките железници од мразот претрпеле штета од 34 милиони евра, патиштата девет милиони, автопатиштата 3,6 милиони, Електродистрибуција 12 милиони и претпријатијата за дистрибуција на електрична енергија 63 милиони евра, пишува Финанце.