Штетите од земјотресот во Турција би можеле да достигнат 25 милијарди долари

68

Директната штета од урнатите објекти во Турција во разорниот земјотрес на 6 февруари може да достигне 2,5 отсто од бруто домашниот производ на државата, што е еквивалентно на 25 милијарди долари, објави денеска американската банка „Џеј-Пи Морган“.

Вкупниот број жртви од земјотресот, во Турција и во Сирија, достигна повеќе од 41.000 луѓе. Милиони имаат потреба од хуманитарна помош, а многу преживеани останаа без покрив над главата на речиси ниски зимски температури.   

Џеј-Пи Морган очекува турската централна банка да ја намали основната каматна стапка за уште 100 базични поени на 8 отсто на следниот состанок.

„Не исклучуваме ново зголемување на каматните стапки пред изборите (во Турција) кои се закажани за 18 јуни. Сепак, сметаме дека каматната политика на земјата веќе не е толку адекватна на реалноста, бидејќи механизмот на трансформација на монетарната политика во Турција е нарушен“, наведе Фатих Акчелик, економист на Џеј-Пи Морган