Што би се случило доколку престанат инвестициите? Би исчезнале 5 милиони барели нафта дневно

205

Главниот извршен директор на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC – Abu Dhabi National Oil Company) Султан Ал Џабер рече дека намалувањето на инвестициите во јаглеводороди на нула ќе резултира со загуба од 5 милиони барели нафта дневно од сегашното ниво на снабдување секоја година.

„Фактите се јасни. Ако ги елиминираме инвестициите во јаглеводороди, поради природниот пад секоја година би изгубиле 5 милиони барели нафта дневно од сегашното снабдување. Тоа би ги направило потресите што ги имавме оваа година да изгледаат како помал земјотрес, рече Ал Џабер на индустриски настан во Абу Даби, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека на светот му е потребна максимална енергија и минимални емисии на штетни гасови.

„Глобалната енергетска ситуација минува низ совршена бура…Глобалните синџири на снабдување остануваат кревки. Геополитиката сега е посложена, фрагментирана и поларизирана од кога било досега“, рече првиот човек на ADNOC.