Што да направите ако имате швајцарски франци од серијата што е повлечена од оптек

434

Заради целосна информираност за можноста за замена на швајцарските франци од осмата серија, коишто се повлечени од оптек, Народната банка посочува на следниве информации:

– Условите за замена на странските пари коишто престанале да бидат законско средство за плаќање ги одредува издавачот на парите, во овој случај Швајцарската национална банка.

– Според јавно објавените информации од Швајцарската национална банка, нема рок за замената на овие пари, односно Швајцарската национална банка неограничено ќе ги заменува без надомест.

– Согласно со соопштението на Швајцарската национална банка на нејзината веб-страница, Замена на неважечки банкноти – SWISS NATIONAL BANK, замената на парите повлечени од оптек може да се изврши директно, во централата, или во овластените филијали на Швајцарската национална банка, или, пак, со доставување на швајцарските франци во централата на банката, при што Швајцарската национална банка може да ја префрли вредноста на доставените швајцарски франци на сметка во странска банка, доколку субјектот поседува таква сметка, или на трансакциска сметка во некоја од домашните банки, којашто субјектот ќе ја наведе при доставувањето на парите. Замената може да се врши и во деловните банки во Швајцарија коишто ги извршуваат овие активности во име на Швајцарската централна банка. Подетални информации има на следнава e-адреса: https://www.snb.ch/en/mmr/reference/instr_recalled_notes/source/instr_recalled_notes.en.pdf.

– Исто така, тековно, граѓаните и правните лица кои поседуваат банкноти од осмата серија можат да ја вршат замената кај дел од деловните банки во земјата.

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме да се обратите на е-адресата: info@nbrm.mk.

Фото: Pixabay