Што да направите кога не ви текнува нечие име?

26

prasalnik

Фото: Pixabay

Стоите лице в лице и човекот ви се обраќа како да сте блиски, меѓутоа не можете да се сетите на неговото име или уште полошо, не сте ни сигурни дали воопшто го познавате. Без разлика дали ова се случува во формален или неформален амбиент, оваа ситуација е многу непријатна. Како да ја решите оваа непријатност?

Иван Миснер, основач на Business Network International, препорачува во ваква ситуација да започнете едноставен разговор со Мило ми е што повторно ве гледам…, што ќе ви пружи можност да се сетите зошто оваа личност е интимна со вас.

Миснер потсетува дека во многу ситуации, ова се случува затоа што на вашата меморија и се потребни неколку секунди да ви станат познати личноста, како и природата на вашите односи. Меѓутоа, се случува и по краток дијалог идентитетот на лицето да ви остане потполна мистерија. Тогаш најдобро е да се извлечете од ситуацијата со: Извинете, многу се брзам, се надевам дека ќе се видиме повторно”.

Доколку сте срамежливи и се чувствувате непријатно, секогаш постои можност да се пошегувате на ваша сметка за “блокирање на меморијата“ и преку шега да ја запрашате личноста од каде ја познавате: „Извинете, во последно време меморијата не ми е јака страна, можете ли да ме потсетите од каде се познаваме?“ Меѓутоа ако се одлучите на ваков пристап, бидете спремни дека можеби ќе го навредите деловниот партнер, бидејќи имињата се многу лични.