Што да направите за викенд за да имате полесна работна недела

130

Најдобар начин да ја започнете работната недела е да издвоите малку време од слободниот викенд за да направите план и подготовки за деновите што следат. Многумина успешни менаџери советуваат дека одвојувањето на пола саат за време на викендот за подготовка на следната работна недела прави чуда за нивната to – do листа. Тоа може да биде пишување или бришење пораки од вашиот мејл или размислување за некој проект што треба да го реализирате. Ако имате многу работи што треба да ги завршите претстојната недела, запишете ги за да бидете сигурни дека нема ништо да пропуштите. Започнете ја листата со приоритети и најкратки рокови за да бидете поефикасни.

Малку од времето што ќе го потрошите за време на викендот може да ви помогне работната недела да се одвива глатко. Овие неколку работи што треба да ги направите за викенд ќе ви помогнат да имате попродуктивна работна недела.

Исчистете ја електронската пошта

Исчистете ја електронската пошта од непотребни содржини за да може во понеделник наутро да ги читате пораките што сте ги примиле тоа утро. Со ова нема да мора да губите време во бришење на непотребни пораки.

Направете to – do листа

Ако сакате да имате попродуктивна работна недела подготвувањето на to – do листа е ефикасен начин за распределување на задачите.

Исчистете го бирото

Ако работите од дома, исчистете го бирото за во понеделник да седнете на чисто биро. Ставете ги материјалите коишто ќе ви бидат потребни за работа. Ако не работите од дома, оваа работа најдобро е да ја завршите во петок попладне пред да си заминете дома.

Наспијте се

Спиењето е од исклучителна важност за здравјето. Истражувањата покажуваат дека добриот сон ја подобрува нашата благосостојба, затоа одморете го вашето тело и мозок за да ги наполните батериите.

Фoто: Pexels