Што да одговорите кога ќе ве прашаат “Каде се гледате за пет години“?

82

dvogled

Фото: Pixabay

“Каде се гледате себе си за пет години?“, можеби не ви изгледа како трик прашање што ќе ви биде поставено на интервју за работа, но бидете сигурни дека може да ви ги уништи шансите да ја добиете работата доколку одговорите погрешно.

Целта на поставувањето на ова прашање е компанијата да разбере дали кандидатот е во потрага по кариера, не само по работа и дали неговите цели се во согласност со целите на организацијата. Одговорот на ова прашање кажува дали имате работна етика, став и лојалност за да ве планираат на долг рок.

Еве што според Business Insider менаџерите сакаат да слушнат кога го поставуваат ова прашање:

Менаџерите сакаат да знаат дека сте размислувале за овој одговор

Не дозволувајте да ве фатат без долгорочен план. Покажете дека сте размислувале за ова прашање и веќе имате зацртано патека на движење за вашата кариера. Но, исто така покажете дека сте флексибилни. Сите знаат дека работите може да се сменат и затоа направете рамнотежа со тоа каде и како сакате се движите и можноста дека тој пат може да се смени.

Подготвени сте да ги исполните вашите задачи пред очекувањата за унапредување

Менаџерите сакаат да видат дека имате реални цели. Во ред е да споменете унапредување во компанијата, но да кажете дека се гледате како извршен директор, а во моментот аплицирате за пониска работна позиција, може само да ви ја уништи шансата да ја добиете работата. Не загрозувајте нечија кариера и покажете дека сфаќате колку време и труд е потребно за да се движите по нагорна линија во вашата кариера. Нагласете ја подготвеноста да работите на личен и професионален развој за да напредувате во кариерата во рамки на компанијата.

Компанијата и позицијата за која сте аплицирале се вклопуваат во вашите долгорочни цели

Менаџерите сакаат да слушнат како компанијата и позицијата за која сте аплицирале се вклопуваат во вашите долгорочни цели. Кажете како ќе ги постигнете вашите долгорочни цели преку добивањето на работата. Исто така споделете како планирате да придонесете и растете со компанијата наредните неколку години.