Што да правите ако имате неуредни колеги

130

Неуредни колеги кои со вас го делат канцеларискиот простор дефинитивно може да бидат дополнителен фактор за стрес.

Економската теорија “Трагедија на заеднички добра“ го опишува овој проблем еднакво за повеќето луѓе. Теоријата вели дека луѓето делуваат според сопствен интерес, искористувајќи заеднички ресурси коишто се достапни на сите.

Одржување на канцеларијата

Едноставно, луѓето кои гледаат куп садови во мијалникот, смет на подот или расфрлена хартија во тоалетот, заклучуваат дека тоа не е нивни проблем. Без разлика на тоа колку луѓето го користат заедничкиот простор, трагедијата настанува кога не е јасно поставен јасен режим за чистење, т.е. јасни задолжувања за секој од колегите.

Јасно е дека секогаш постојат виновници кои оставаат садови или не забележуваат дека позади нив има некакво ѓубре. Проблемот настанува кога не можете да ги детектирате или кога едноставно не може да им се каже. Неуредните луѓе може и не се толку неуредни. Тоа може да бидат шефови или колеги кои мислат дека се превисоко во хиерархијата за да мијат садови или соберат ѓубре.

Што може да се направи?

Групни електронски пораки или пораки напишани на парче хартија и оставени покрај садовите во кујна нема да “упалат“. Тие луѓе никогаш нема да помислат дека во нив е проблемот.

Има неколку решенија:

Прво, бидете промената која сакате да ја видите. Ова особено се однесува на вас ако сте на повисока положба. На некои луѓе им станува непријатно да прави ѓубре, кога гледа личност која постојано чисти. Следниот пат измијте садови или соберете хартија од подот. Моралот во канцеларијата расте кога вработените гледаат како тие работи ги вршат и тие работи.

Друга работа која може да ја направите е да направите распоред за чистење во канцеларија. Така ќе создадете поголем притисок на колегите и ќе се придржуваат до распоредот.

Ако ништо од ова не “упали“, пробајте да испечатите слика од очи на неколку листови и поставете ги на критичните места. Можеби тоа ќе им сугерира дека некој ги следи и ќе станат поуредни.

Фото: Pixabay