Што “добро“ донесе коронавирусот?

153

Пандемијата на коронавирус не бомбардира со лоши вести, но може да се каже дека донесе и некои светли точки во сето црнило.

Подобра хигиена и почист воздух, еве неколку убави примери за црнилото што нè опкружува.

Миење раце

Пораката од здравствените работници од првиот момент на избувнување беше јасна: Мијте ги рацете! Покрај намалување на ризикот од инфекција на Ковид – 19, миењето на рацете “работи“ и против други заразни болести кои не исчезнале со почетокот на коронавирусот.

Од познати личности до политичари, сите демонстрираа соодветна и доволно долга техника на миење раце. И се чини дека вреди. На пример, Јапонија има рекордно ниско ниво од 7,2 милиони случаи на грип оваа сезона, трипати помалку од претходните години.

Намалени емисии на јаглерод диоксид

Економиите тешко го поднесуваат затворањето на фабриките, но на животната средина тоа и годи. До први март годинава, емисијата на јаглерод диоксид во Кина опадна за 200 милиони тони, или 25%, во однос на истиот период лани. Ова е еквивалентно на годишните емисии на Аргентина, Египет или Виетнам. Во исто време, потрошувачката на јаглен во термоцентралите опадна за 36%, а употребата на гориво во рафинериите е скоро иста.

Воздушниот сообраќај скоро запре, што барем на краток рок, доведе до значително намалување на емисиите на штетни гасови. Водите во Венеција, обично преполни со моторни чамци со туристи, сега се кристално чисти.

Фото: Pixabay