Што ѝ донесе успех и заработка од 18 милиони долари на ова девојче

144

Анастасија Раџинскаја води дури девет канали на YouTube со вкупно 117 милиони претплатници и 48 милијарди прегледи.

Компанијата Yoola Enterprises соработува со јутубери низ целиот свет, вклучително и шестгодишната Анастасија Раџинскаја и од нивните канали прави милиони.

YouTube каналите на популарната Настја генерираат 18 милиони долари годишно, пренесува Forbes.

Yoola ѝ помогна да го развие својот интернет бизнис и да заработи огромни суми од видео содржини: како се дружи со тато, кои трикови ги открива за Ноќта на вештерките, па до тоа како се организира и слави роденден.

Сите нејзини содржини имаат 48 милијарди прегледи, а моментално го држи третото место на листата најплатени јутубери.

Настја стана една од најбрзорастечките јутубери на планетата, помогната од глобалната стратегија на оваа компанија. Таа има четири награди Diamond Play Buttons коишто се доделуваат за секој YouTube канал којшто надминува 10 милиони претплатници (во нејзиниот случај, четири од девет канали).

Шестгодишната Русинка е еден од оние јутубери кои прават канали за глобалниот пазар или користат неколку јазици за привлекување на симпатии. Пред само една година, Настја емигрираше од Русија со нејзините родители во САД и иако има само шест години, зборува руски, англиски и шпански, а планира да учи и други јазици.

Еџал Баумел, извршен директор на Yoola, за Business Insider вели дека тајната на оваа успешна глобална стратегија лежи во повеќејазичноста, додавајќи дека пред Настја, тие соработувале со многу други јутубери од Англија, Германија, Русија. Успехот беше загарантиран.

Познавањето на повеќе јазици ве насочува кон повеќе луѓе, односно на пазарот, а сето тоа ви носи повеќе прегледи и пари. Повеќејазичните утрински канали во моментов се најбрзорастечки, без оглед на нивната тема. Баумел вели дека Анастасија Раџинскаја била совршен кандидат за оваа стратегија затоа што таа веќе зборувала руски и англиски, а малку и шпански.

Фото: Youtube/Printscreen