Што е аконтација на данок?

679

Аконтација на данок  е одреден дел од вкупната даночна обврска на еден даночен обврзник, што ce плаќа однапред; по правило ce одредува врз основа на минатогодишниот износ на даночната обврска или даночна обврска co слична даночна сила на друг обврзник.

Државните расходи ce вршат во текот на целата година, па затоа државата мора да осигури редовен прилив на финансиски средства за покривање на расходите, но и да не ce натрупува долгот на обврзникот.

Разликата меѓу аконтацијата и данокот обврзникот e должен да ja надомести во одреден рок или, ако постои вишок уплатен данок над разрежениот, ce рефундира (враќа) на обврзникот или му ce признава за идната
година.

Аконтацијата на персоналниот данок на доход по одбивка се пресметува и плаќа на следните видови приходи:

  •  личните примања;
  • приходите од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • приходите од капитал;
  • приходите од имот и имотни права, ако исплатувачот на приходите води деловни книги;
  • добивките од игри на среќа и други наградни игри;
  • другите приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение на органот за јавни приходи.

Фото: Pixabay