Што е (анти) дампинг?

880

sahovski-figuri-pexels

Фото: Pexels

Дампингот претставува облик на нелојална трговска пракса преку којашто производите се продаваат по цена што не ги покрива трошоците за производство. Теоријата го дефинира дампингот како извоз на производи на една земја во друга по цена што е пониска од нормалната вредност на тие производи.

Со оглед на тоа што дампингот може да предизвика сериозни последици во земјата увозник, а по правило оваа стратегија има за цел да ја уништи конкуренцијата на странскиот пазар, создаден е механизам за заштита од овој облик на нелојална конкуренција. Од таа причина, антидампинг е збир на правила, процеси и институции со чија помош се неутрализира спроведувањето на дампинг на меѓународно ниво.

Бидејќи дампингот носи последици по економијата, теоретски се поделени два вида на штетни ефекти што ги носи оваа мерка. Како прво, предизвикува штетно влијание на одредена индустриска гранка и ја уништува странската конкуренција, што значи создавање на монопол на меѓународен пазар. Од друга страна, доаѓа до пораст на цените поради формирање на монопол и со тоа директно се намалува богатството на населението.