Што е Апи – туризам?

53

Атрактивните дестинации за туристите неодамна станаа места богати со кошници и пчели. Ова доведе до забрзан развој на апи-туризам.

Бројни светски научни истражувања покажаа дека пчеларите живеат значително подолго од нивните врсници кои не престојуваат покрај пчелите, а многу списанија пишуваат за придобивките од медот и другите пчелни производи, како и за позитивниот ефект на пчелите врз човечкото тело.

Апи-туризмот процвета по избувнувањето на пандемијата, кога луѓето почнаа да се свртуваат кон природата и поздравиот начин на живот.

Апи-туризмот, значи концепт на патување, кој е комбиниран со запознавање на пчелите и пчеларството. Посетителите на апицентарот имаат можност да го запознаат светот на пчелите на лице место во пчеларникот и им се презентира техниката на производство на мед. Исто така имаат можност да учествуваат во работилници правејќи масти, мелеми, креми, ликери и сè друго  што се добива со комбинација на мед и лековити билки.

Големата предност е што апитуризмот е комбиниран со други гранки на туризмот, така што за посетителите се организираат екскурзии и запознавање со природните и општествените убавини на одредена област.

Фото: Pixabay