Што е аутлет (outlet)?

824

Овој поим има честа употреба во продажбата, но освен што значи продажба на производи по пониски и достапни цени, аутлет има и други важни карактеристики.

На овој начин, производите до крајните потрошувачи пристигнуваат во продавницата директно од производителот.

Аутлет продавниците за прв пат се појавуваат во 30-тите години од минатиот век во САД. Продавниците во рамки на самите фабрики се одлучиле на таков чекор, бидејќи можат да ги продаваат оние производи што имаат некое мало оштетување или она што останува како вишок. На почетокот, овој вид на продажба бил резервиран само за вработените во фабриката. Поради оштетувањата, цената на производите била значително намалена. По некое време, продавниците ги отвориле своите врати, не само за вработените, туку и за останатите купувачи.

Во текот на 80-тите и 90-тите години од 20-от век, низ САД се отворени голем број аутлет продавници. Но, овој принцип на продажба не е среќава само во САД, туку во остатокот од светот.

Податоци од некои истражувања покажуваат дека одреден процент од фабриките произведуваат од нивните производи и истите се исклучиво наменети за продажба во аутлет продавница. Поради ниските цени, кај купувачите се појавува недоверба за квалитетот на производот. Но, задача е на продавачите да воочат доколку производот има одредена аномалија или фелер и така да им го понудат на клиентите.

Овој вид на продажба се покажува доста ефикасна и кога станува збор за пласирање на производи надвор од сезоната за којашто се наменети. Па така, ако имате потреба од зимска опрема, наместо да ја купувате во екот на ски сезоната, преку овие аутлет продавници може да си ја дозволите на пролет со пониска цена. Истото важи и за костими за капење или опрема за нуркање, коишто може да се купат кога завршува летната сезона…

Од сево ова може да се заклучи дека компаниите ќе бидат сигурни во нивниот пласман, а купувачите ќе можат да си дозволат шопинг “скроен“ по соодветни цени.