Фото: Pixabay
Банерите се моментално најраспространета форма на рекламирање преку интернет. Тие се еден вид на огласи што се примамливи за око, а можат да бидат статични слики или анимации, пишува Virsto Marketing Škola.
Нивната улога е да му го привлечат вниманието на посетителот и да послужат како линк до веб страницата на клиентот.
Банерот, исто така, може да биде и простор наменет за оглас којшто е составен дел од некоја веб страница каде огласувачот може да објави содржина што смее да биде објавена онлајн.
Димензиите се избираат по мерка во зависност од тоа колку простор има за рекламата, односно колку е платено за истата.
Целта на банерот
Рекламирањето на интернет преку банери, во голема мера влијае на потрошувачите, со што ја зголемува продажбата. Банерите можат да се користат за повеќе намени, и тоа:
- Зголемување на продажбата на производот или услугата
- Информирање на потрошувачите за нови производи/услуги или специјални понуди
- Ширење на информации од општо значење
- Начин луѓето да го запомнат името на вашата компанија (зголемување на нивната желба да бидат ваши клиенти)
Видови на банери
Има два основни видови на банери:
- Статични (обично во JPG или GIF формат)
- Анимирани (GIF или FLASH)
Видови на рекламни кампањи
Кампањите што се водат со рекламните банери генерално се делат на две категории:
Branding
Овие кампањи служат за промовирање на брендот на некоја фирма или производ и овозможуваат препознатливост во јавноста. Обично се водат паралелно со рекламни кампањи во други медиуми (радио, телевизија, печатени медиуми…).
Нив можат да ги водат компании што веќе се препознатливи во јавноста или фирми што тукушто започнале да се пробиваат на пазарот, а имаат средства за подолги кампањи. Целта на овој вид на рекламирање е да ги натера посетителите веднаш да кликнат на банерот и да го запомнат името на компанијата или производот/услугата преку постојано појавување и да си ја поврзат таа слика со нешто убаво и привлечно.
Click-through
Се користат кога не сакате да го промовирате брендот, туку конкретен производ или услуга на директен начин. Ваков вид на банер мора да го повикува посетителот на некаква акција, да содржи одредени емоции или да биде хумористичен за да привлече што поголемо внимание. Предност на овој вид на кампања е да привлече потесен опсег на посетители кои се заинтересирани за конкретниот производ или услуга.