Што е богатството…

208

Богатството е релативно како поим, бидејќи секој има различен став околу тоа. За некого богатство е семејството, за други сметка со пари, за трети пријателите… Но, она што е најважно е човек да биде задоволен и да тежнее да воспостави рамнотежа во животот и никогаш да не дозволи да ги повредува другите на патот кон остварување на богатство.

Постојат многу мудри мисли поврзани со богатството, еве неколку од нив…

Има луѓе кои од своето богатство немаат ништо освен страв да не го изгубат – непознат автор.

Раскошот на богатите на зголемува бедата на сиромашните – Дидро.

Здравјето е вистинско богатство, а не парче злато или сребро – Махатма Ганди.

Не е среќен оној кој има сè што сака, туку оној кој не го сака она што го нема – латинска поговорка.

Кога некој ќе ви каже дека до богатството дошол со напорна работа, прашајте го чија работа – непознат автор.

Создавањето богатство не е погрешно, туку љубовта кон парите е погрешна – Маргарет Тачер.

Кога имаш сè, не гледаш ништо. Ќе прогледаш дури кога ќе немаш ништо – Вилијам Шекспир.

Фото: Pexels