Што е Chat bot?

129

Фото: Pixabay

Chat bot претставува алгоритам што на корисниците им дава можност за онлајн комуникација и интеракција за да извршат одредена задача без ангажирање на човечки фактор.

Со негова помош, корисникот може да ги реализира своите потреби на одредена интернет страница, без активност на луѓе кои инаку би требало да бидат дежурни 24 часа, седум дена во неделата, со што се врши целосна автоматизација. Многу ботови веќе се интегрирани во рамки на одредени апликации за онлајн комуникација, каде е можно да се разговара со нив, а притоа корисникот во ниту еден момент да не почувствува дека зборови за компјутерска програма, а не со вистински човек.

Развиени се и такви chat bot-ови коишто имаат развиена вештачка интелигенција и може да решаваат комплицирани задачи.

Chat bot-ови може да играат улога на оператор, преку којшто корисниците ги добиваат сите неопходни информации, да примаат порачки и слично.

Ваква технологија може да користат компании коишто сакаат да ги промовираат своите производи или услуги преку интернет, па chat bot-от може да ги води клиентите низ онлајн просторот, промовирајќи го производот, опишувајќи ги неговите карактеристики и на крајот да го заокружи процесот со примање порачка.

Исто така, chat bot може да послужи и при учење странски јазик. Во овој случај, негова задача е да биде интерактивен асистент што го води корисникот низ процесот на учење на странскиот јазик, препознавајќи зборови, реченици, но и гласовни команди.