Што е дисконтна политика?

318

Фото: Pixabay

Дисконтната политика е една од најтрадиционалните инструменти на монетарната политика. Со неа, централната банка ги одредува условите под коишто ги кредитира комерцијалните банки.

Според ситуацијата во стоковно–парничните односи, централната банка ja подигнува или спушта интересната (каматната) стапка, т. е. стапката според која им дава кредит на другите банки.

Интересната стапка претставува една од најзначајните инструменти на монетарно–кредитната политика co којашто се влијае врз стопанскиот развој на една земја. Co оглед на состојбата во платниот биланс на земјата, со дисконтната политика се регулира интересната стапка на паричниот пазар. Така, со зголемување на интересната стапка се предизвикува прилив на капитал од странство.

Дисконтната политика, како монетарен инструмент, не дејствува ефикасно во сите земји. Таму каде што пазарот е осетлив на порастот или паѓањето на цените, тој е осетлив на промените на интересната стапка; и обратно, таму каде порастот на цените лесно се префрла на потрошувачите на разни нивоа, a паѓањето на цените ретко се случува, со промената на интересната стапка не се постигнува саканото дејство.

Доколку комерцијалните банки не позајмуваат пари од централната банка, во тој случај, примената на овој инструмент не би ги дала посакуваните резултати

Дисконтната политика не дејствува секогаш ефикасно ни врз платниот биланс со странство, особено кога ce има предвид валута во чија стабилност е разнишана довербата.